Читај » СВЕТ » Тити има 350 килограми, може да лежи само на стомак

Тити има 350 килограми, може да лежи само на стомак

Триесет и седум годишната Тити Вати има 350 килограми и се смета за најдебелата жена во Индонезија, а и една од најдебелите на планетата.

До оваа килажа ја донеле лошите навики и исхраната и без сомнение проблеми со метаболизмот.

Килограмите ѝ ги ускратиле сите активности, не може да стои, а цел ден го поминува во кревет лежејќи на стомак.

Вратата од нејзината куќа морала да биде отстранета за да може по потреба, да биде носена во болница.

За неа се грижи нејзината единствена ќерка, 19 годишната Херлин, која ја храна и капе.

За време на нејзиното интервју тажно покажала фотографија на која се гледа како изгледала претходно.

Коментари

коментари