Читај » МАКЕДОНИЈА » Ќе се формираат подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата

Ќе се формираат подрачни одделенија за онкологија и радиотерапија низ државата

Министерството за здравство ќе треба да достави акциски план со конкретни рокови и правни модалитети за централизирање на дејностите онкологија и радиотерапија во рамките на ЈЗУ УК за Радиотерапија и Онкологија – Скопје со основање подрачни одделенија во ГОБ „8ми Септември” – Скопје, КБ Штип и КБ Битола, како и низ останатите градови во државата.

Оваа одлука ја донесе Владата на денешната седница.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, беше усвоена и Информацијата за прогресот на активностите за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ – Универзитетска клиника за кардиологија

Коментари

коментари