Читај » СЛАЈДЕР » Јунајтед планира нова зимска офанзива за Ериксен

Јунајтед планира нова зимска офанзива за Ериксен

Манчестер јунајтед ќе пушти нова понуда оваа зима за да го купи плејмејкерот на Тотенхем, Кристијан Ериксен. Данецот, чиј договор со петлите истекува на крајот на оваа сезона, беше поврзан со заминување од Лондон ова лето, но на крајот остана во тимот.

Реал Мадрид важеше за фаворит број еден, а другата опција пред 27-годишниот халф беше Манчестер Јунајтед. „Дејли мејл” пишува дека неуспехот на „Лос Бланкос” да го купи фудбалерот летово дополнително го мотивирал Јунајтед за јануарска офанзива кон играчот.

Ериксен би можел следното лето да го напушти финалистот во Лигата на шампионите без пари, што значи дека зимата е последната шанса Тотенхем да собере пари за својот фудбалер. Лондонскиот тим се очекува да побара околу 50 милиони фунти за неговите услуги.

Газдите на „црвените ѓаволи” се растргнати од критики бидејќи клубот не успеа да привлече играчи од средниот ред во овој трансфер прозорец. Тензијата достигна високи вредности откако тимот не најде замени за Андер Ерера и Маруан Фелаини.

Коментари

коментари