Читај » СЛАЈДЕР » Селекторот на Шпанија: Ако Енрике реши да се врати, ќе му го отсапам местото

Селекторот на Шпанија: Ако Енрике реши да се врати, ќе му го отсапам местото

Сегашниот селектор на Шпанија, Роберт Морено, истакна дека веднаш ќе се повлече од функцијата, доколку Луис Енрике се реши да се врати на тренерската клупа.

Енрике се повлече од селекцијата во јуни од лични причини. Подоцна се утврди дека екс тренерот на Барселона се повлекол поради својата 9-годишна ќерка Хана, која почина минатата недела од карцином на коските.

„Ако некогаш Луис Енрике реши да се врати во националниот тим, јас ќе се откажам од моето место како селектор и повторно да бидам негов асистент. Сметам дека тој во моментов не размислува да се врати, но ако одлучи, ќе излеземе во пресрет“, рече Морено.

Морено му беше прв асистент на Енрике, а откако се повлече, стана и предводник на националниот тим на „Фуријата“.

Коментари

коментари