Читај » СВЕТ » Многу сакам да имам фризер, но нема што да ми фризира

Многу сакам да имам фризер, но нема што да ми фризира

За жал, мојата фризура е едноставна и сам ја уредувам, одговорил денеска пред новинарите бугарскиот премиер Бојко Борисов на новинарско прашање коментирајќи ги обвинувањата дека испратил луѓе да ја следат народната правобранителка Манолева додека таа била на фризер.

Знам дека пред некоја жена да се појави на телевизија треба да оди да и направи фризура. Така што, нема нешто понормално од тоа да одиш на фризер. Тоа е почитување и кон себе и кон другите луѓе. Многу сакам да имам фризер, но нема што да ми фризира, изјавил Борисов.

Бугарската страна во Комисијата за историја бара вонреден состанок до крајот на август

По повиците од Бојко Борисов, копретседателот на Комисијата за историски прашања од бугарска страна, Ангел Димитров, во изјава за Бугарското радио најави дека ќе ги покани македонските колеги до крајот на август.

Копретседателот на Комисијата за историја Димитров , во изјава за бугарското радио дека ќе ги повика на состанок македонските колеги , пред редовно закажаниот во септември.

Коментари

коментари