понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Италија добива нова влада, Конте останува премиер

Италија добива нова влада, Конте останува премиер

Членовите на Движењето 5 ѕвезди со онлајн гласање дадоа зелено светло за предложената коалиција со Демократската партија , со што отворија пат за формирање нова влада.

Од 79.634 членови кои учествувале во гласањето , 79,3 проценти гласаа за коалицијата со ПД, додека 20,7 проценти се спротивставија, изјави пред новинарите претседателот на Движењето 5 Sвезди , Луиџи Ди Мајо.

За неколку дена може да се формира нова влада, со што ќе се врати во опозиција крајно десничарскиот лидер Матео Салвини и ќе се избегнат предвремените избори за кои се залагаше Салвини.

Премиерот Џузепе Конте сега треба да му предложи на претседателот Серџо Матарела список со имиња на министри во идната влада. Ако се согласи, ќе следи церемонија на заклетва и гласање доверба во парламентот.

„Горд сум на денешното гласање и на владата што доаѓа“, рече Ди Мајо.

Претходната влада на Движењето 5 ѕвезди и Лига, која првично беше посилен партнер во коалицијата, се распадна на почетокот на август кога Салвини, поттикнат од големата поддршка на анкетите , ја распушти коалицијата и побара распишување предвремени избори.

Непартискиот премиер Конте потоа поднесе оставка, но деенска М5С и ПД постигнаа договор според кој Конте ќе остане премиер.

Коментари

коментари