Читај » МАКЕДОНИЈА » Истокот вечерва во опасност: Огромен пожар во Беровско – ова се пораките

Истокот вечерва во опасност: Огромен пожар во Беровско – ова се пораките

Месното население го гаснат пожарот кој доцна попладнево избувна меѓу селата Будинарци, Мачево и Владимирово. Како што информира Зоран Ајтовски, командир на ТППЕ Берово, ситуацијата во моментот е алармантна и бара активност на целокупното население.

-Наши екипи се веќе на терен со повеќе пожарникари, возило и останати ресурси кои ги имаме на располагање. Ги алармиравме и противпожарните единици од соседните општини, а очекуваме уште поголема инволвираност на самото месно население кое и тоа како даде допринос во гаснењето, по првичната појава на пожарот, соопшти Ајтовски.

Повеќе детали за пожарот Ајтовски најави за утринските часови, кога ќе се знае колкава е причинетата материјалната штета. Очекувањата на командирот на беровската противпожарна единица се пожарот да биде изгаснат што поскоро, но ситуацијата е отежната зашто е темно.

Берово Метропола и Градоначалникот е на лице место на пожарот над Владимирово…

Posted by БЕРОВО – МЕТРОПОЛА on Tuesday, September 3, 2019
https://www.facebook.com/BerovoMetropola/videos/493834804512733/?xts%5B0%5D=68.ARAJMzn7Q8OcKv9UmzNHABPqOUNtiycVrkm09pOef-e6Bp3eMN-9ZYNAsRwf7SMDV3MMBik_xUii2XB9jmK0NuA9LmTK-YAhiOy9u28Hl06BLwqjq3y4MNKPf8AIY_fADODYiBH51AqPJr14FqXb-gmZdZgP4AZ_6I5R98CUM0moTXbCPGe6A1_mOiH19uh5VKS35fTlj6KZeZl6tOwLSIJewXHPUIvxFV71PCwsWxaXD-x-bnurIoJJz-b3CQqtLg16-9DhCYIVd1qZNwQuKa46D-QH_lzVr2Ym1xbemqSHHI38I7EHxpE6DDcr6UdXvY0bJ9HV9GMKef9WDd6euITs6vFK_g&tn=-R

Коментари

коментари