понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СВЕТ » По 36 години поминати зад решетки за кражба од 50 долари – конечно на слобода

По 36 години поминати зад решетки за кражба од 50 долари – конечно на слобода

Афроамериканец од Алабама бил осуден на доживотен затвор , зашто кога бил млад украл 50,75 долари од пекарница.

Алвин Кенард по поминати 36 години во затвор за 50 долари кражба, ќе биде пуштен на слобода . Тој имал 22 години кога во 1983 бил осуден за грабеж од прв степен. Сега е на 58 годишна возраст и ќе го напушти затврот во градот Бејсмер.

Кенард бил осуден според стариот закон кој тогаш беше на сила во Алабама, откако претходно бил осуден за грабеж од 1979 година.

Пресудата во 1983 година првично беше доживотен затвор без можност за помилување.

Семејството и пријателите на Кенард емотивно јас доживеаја ослободителната пресуда на судијата Дејвид Карпентер.

Кенард, кој работел како столар и градежен работник во младоста, рече дека сака да продолжи да работи како столар и на тој начин да заработува за живот.

Коментари

коментари