понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Најново: Орце Камчев се врати во Македонија, во моментов во просториите на ОЈО
Фото

Најново: Орце Камчев се врати во Македонија, во моментов во просториите на ОЈО

Орце Камчев моментно е во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, каде што дава исказ за случајот „Рекет“, информира порталот Правосудство, повикувајќи се на неофицијални информации.

Информациите до кои дојде Правосудство, велат дека Камчев утрово се вратил во земјава и веднаш се упатил кон Обвинителството каде што, засега, а во рамки на преметот „Рекет“ има статус на оштетен.

Во текот на претходните денови Камчев, како што пишуваа бугарските медиуми, се наоѓал во Варна каде што уживал на јахта, а според информациите кои ги објави ТВ24, новинар од телевизијата во текот на месецов го сретнал Камчев со неколку други лица во хотел во Банско.

Претходната година Камчев беше предложен за почесен конзул на соседна Република Бугарија.

Коментари

коментари