Читај » МАКЕДОНИЈА » И тој ќе го каже својот став: Зоран Заев повикан да сведочи

И тој ќе го каже својот став: Зоран Заев повикан да сведочи

За случајот „Монструм“ кој се однесува на петкратното убиство кај Смилковското Езеро, како сведок ќе биде повикан и премиерот Зоран Заев. Ова го соопшти обвинителката Фатиме Фетаи на денешното рочиште.

Судијата Огнен Ставрев најави дека на следното рочиште закажано за 5-ти септември ќе се почне со презентирање на „бомбите“, еден од родителите на убиените момчиња побара објаснување дали ќе се слушнат разговорите кои биле прогласени како државна тајна, односно дали ќе биде исполнето ветувањето кое Заев го дал дека родителите ќе дознаат чии се заштитените броеви. Тогаш Фетаи истакна дека на следното рочиште ќе биде повикан и премиерот.

Таткото на убиениот Александар, Горан Наќески, неколку пати најавуваше дека низ доказите постојат пет броја чии сопственици не се откриваат.

На наредното рочиште закажано за 5 септември во судница ќе почне емитувањето на „бомбите“ за овој случај, односно 38.000 смс и телефонски разговори поврзани со „Монструм“.

Извор: ТВ21

Коментари

коментари