недела, 15 декември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Сугаревски откри што е приоритет на оваа Влада

Сугаревски откри што е приоритет на оваа Влада

Владата очекува најголемиот дел од делниците за гасификација на Градот Скопје да бидат завршени до крајот на 2019, а остатокот идната година. Процесот како што кажа министерот Сугарески е од голема важност и очекува тој да биде завршен во најбрз рок, бидејќи според него, со тоа ќе се заокружи повеќе годишната владина цел, за гасификација за главниот град.

Гасификацијата на главниот град е една од најголемите мерки за борба со горливиот проблем на аерозагадувањето во зимскиот период, кое секоја година зазема се поголеми размери.

Пред неколку години од владата како најголем загадувач го посочија загревањето на домаќинствата, а проблемот во голем дел се очекува да биде реши со гасификацијата, со што и квалитетот на воздухот во главниот град би требало значително да се подобри.

Аерозагадувањето се смета за најголем еколошки проблем на глобално ниво. Во земјава тоа е причина за зголемени здравствените проблеми на граѓаните во зимскиот период, а во исто време причинува и економска штета на државата од повеќе милиони евра.

Инаку, од Владата денес се пофалија дека наредниот период ќе инвестираат речиси една милијарда евра во инфраструктура, што доколку се оствари бенефит ќе видат и граѓаните и стопанството.

Сугаревски кажа и дека досега се рехабилитирани преку 600 километри на патишта, инвестиции со вкупна вредност од околу 540 милиони евра.

Коментари

коментари