недела, 15 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Героски за Гостивар праша: Каде е кирилицата, Таравари му влезе во профил и му одговори (ФОТО)

Героски за Гостивар праша: Каде е кирилицата, Таравари му влезе во профил и му одговори (ФОТО)

Новинарот Бранко Героски сподели вест на која во преден план е склуптурата со името на градот Гостивар, која е напишана во латинична форма.

-Супер ова, дечки… Арно ама, зошто само со латинични букви? Имате проблем со кирилицата?-, прашува Героски.

Во коментари тој доби многу различни мислења, а поголем број истакнаа дека не очекувале новинарот да разговрува националистички теми. На крај, одговор доби и од таткото на градот Гостивар, Арбен Таравари.

-Здраво Героски. Воопшто немаме проблем со кирилицата. Само низок удар оваа. За среќа не поминуваат веќе овие фори и фазони. Како и да е, биди поздравен и имај убава вечер,- напиша Таравари на профилот на Героски.

Коментари

коментари