понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Во центарот на Скопје повеќе нема да движат автомобили – ќе биде пешачка зона

Во центарот на Скопје повеќе нема да движат автомобили – ќе биде пешачка зона

Низ центарот на Скопје од наредната година нема да се движат автомобили. Градоначалникот Петре Шилегов за САКАМДАКАЖАМ.МК вели дека во моментов работат на проектот потегот од крстосницата кај Собранието до трговскиот центар „Палома бјанка“ да стане пешачка зона.

-Она што сега го работиме е догодина целосно да се затвори Мал ринг за возила и да стане пешачка зона, како што е секаде во светот. Тој дел ќе добие комплетно нов изглед, со уреден плочник и тротоари, а паркот „Жена борец“ ќе се прошири кон Собранието. Размислуваме единствено на тој простор да се движат автобусите од јавниот превоз. Паралелно ќе се работи на проширување на улицата „Даме Груев“ во булевар. Проблемот со зградата на поранешен „Макотекс“ која се наоѓа на самата улица го решаваме. Градот ќе ја откупи зградата и ќе ја урне. Во тој дел ќе има простор и за парк кој ќе биде замена на паркот спроти Стара железничка станица, кој беше уништен заради изградба на зграда од проектот „Скопје 2014“, вели Шилегов за порталот.

Есенва Град Скопје ќе почне со уредување на влезот кон Плоштадот Македонија кај триумфалната порта.

Целата вест прочитајте ја на САКАМДАКАЖАМ.МК.

Коментари

коментари