понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Конечно позитивни вести за пожарот во Пинтија

Конечно позитивни вести за пожарот во Пинтија

Пожарот кој се закани да ги зафати куќите на локалното население над скопска Пинтија е спречен. Огнот се приближи на околу 200 метри од викендичките, но интервенцијата на пожарникарите и ветрот го спречија најлошото сценарио.

Сопствениците на викендичките во Пинтија се мобилизирани од пладне, од кога гори пожарот, загрижени за своите куќи.

Ветрот огнот го насочил кон Сопиште. Се интервенира со осум возила, дополнителна помош доаѓа од општина Кисела Вода, но и од месното население.

Состојбата со пожарот ја следи и Центарот за управување со кризи. Оттаму велат дека поради непристапноста на теренот и големиот фронт на пожарот, гаснењето е отежнато.

“Пожарникарите се борат и против топлото време, но и против ветрот…”

Од Скопската пожарна соопштија дека денеска пожари има и во скопските села Мојанце, Долно Блаце и над Арачиново. Оганот таму е со помал интезитет, а пожарникарите интервенираат на трите локации.

Коментари

коментари