Читај » СЛАЈДЕР » Баерн Минхен се спона на стартот, Херта си замина со бод

Баерн Минхен се спона на стартот, Херта си замина со бод

Почетокот на сезоната во Бундеслигата донесе кикс за шампионот Баерн Минхен во дуелот со Херта (2-2). Овој бод дополнително ќе го зголеми притисокот врз тренерот Нико Ковач кој наиде на свирежи по крајот на натпреварот.

По бавните 20 минути, во кои се испитуваа силите, Роберт Левандовски го отвори резултатот. Полјакот продоли онаму каде што застана минатата година и го постигна првиот погодок во новата бундеслигашка сезона. Серж Гнабри со одлична асистенција по земја беше најзаслужен за водството на Баварците.

Погодокот како да ги опушти фудбалерите на Ковач, кои до крајот на полувремето беа изненадени и дозволија пресврт. Ветеранот Ведад Ибишевиќ со многу среќа ја одби топката во мрежата на домаќинот, а вториот гол го постигна Марко Грујиќ откако го издрибла противничкиот голман.

Бранителот на титулата притисна со сите сили во продолжението и се избори за 2-2. Втор погодок постигна Левандовски, откако ја искористи шансата од белата точка, по фаулот кој што беше направен токму врз него.

Гостинската одбрана одиграна ниво до крајот на натпреварот и ја оствари замислата на тренерот. Херта беше задоволна со резултатот, па до крајот мислеше само на дефанзивата. Од друга страна, нападот на баварскиот тим не направи доволно за да ги обезбеди трите бода.

Колото продолжува утре и задутре, а ривалите на Баерн ќе имаат можност со победи да стекнат почетна предност на табелата.

Коментари

коментари