понеделник, 19 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Зошто Героски се почувствува прозван од Заев – дали тој е суетниот новинар?

Зошто Героски се почувствува прозван од Заев – дали тој е суетниот новинар?

Премиерот Зоран Заев денеска по приемот за годишнатата од Рамковниот договор даде изјава дека немало за дозволи неколку криминалци, еден суетен новинар и еден, како што рече, педер, да ја бутнеле Владата.

Набрзо следуваше и прашање од Бранко Героски, сопственикот на порталот Плус Инфо и човекот кој прв преку псевдоними го откри случајот „Рекет“.

-Дали кога вели “еден суетен новинар” мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно – дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?“, напиша Героски на Фејсбук и додаде: Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза.

Се поставува прашање дали Героски иако воопшто непрозван од премиерот, сам си ја додели улогата на „суетен новинар“. Според натписите на Фејсбук, изјавата на Заев околу „суетен новинар“ е за Ларис Гајсер, новинарот на италијанска „Ла Верита“ кој го пушти видеото со Орце Камчев и Бојан Јовановски.

Останува да почекаме Заев да одговори на прашањето со име и презиме: Кој е суетниот новинар?

Коментари

коментари