вторник, 20 август, 2019
Читај » СВЕТ » Фоторепортажа од катастрофата во Сибир: Многу би сакале да е фотошоп, но не е

Фоторепортажа од катастрофата во Сибир: Многу би сакале да е фотошоп, но не е

Многумина би дале се овие фотографии да се фотошоп, но за жал тие се вистинска реалност, крајно сурова. Моментите во продолжение се мачни за гледање.

Војската на Русија соопшти дека нејзините авиони испуштиле повеќе од 1.200 тони вода за еден ден за гаснењето на пожарите кои избија во Сибир и постигнале одреден напредок.
Руските вооружени сили соопштија дека денеска била испуштена вода од воените авиони и хеликоптерите на околу 1700 квадратни километри во регионите Иркутск и Краснојарск.

Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела нареди воен персонал да се вклучи во борбата против шумските пожари во Сибир и Далечниот исток, кои се простираат на територија со големина на Белгија.

Службата за заштита на шумите во Русија соопшти дека противпожарните екипи немале обид да се борат со пожарите во тешко достапните области што опфаќаат околу 28.000 квадратни километри.

Стотина руски градови се наоѓаат под чад поради пожарите кои траат веќе со денови. Иако огнената стихија не зафати населени подрачја, сепак густиот чад навлезе во околу 800 населени места. Фауната на зафатените подрачја е речиси целосно уништена, а на социјалните мрежи се шират фотографии од пеполосани животинки.

Коментари

коментари