Познатиот метеоролог Славчо Попоски, кој често знае да ни предкаже какво време не очекува, овојпат на својот Фејсбук профил излезе со поинаква објава.
Тој работи во 1ТВ, телевизија чиј неформален газда Боки 13 се наоѓа во притвор, како првоосомничен во случајот „Рекет“, што всушност значи дека преку телевизијата успевал да зема пари од бизнисмени под разни уцени.
Попоски на својот Фејсбук профил сподели фотка од 1ТВ, а покрај тоа на истата пишува: Еднаш 1ТВ – Засекогаш 1ТВ и со Нејзе <3
Под објавата има најразлични коментари, некои тераат мајтап, други изразуваат поддршка, но сосема заслужено може да се каже дека објавата за крајно краток период веќе е хит на социјалните мрежи.
За што станува збор може да погледнете во продолжение: