четврток, 12 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Заев не случајно игра со Рускоска – Вилма најголем кошмар на ДУИ?

Заев не случајно игра со Рускоска – Вилма најголем кошмар на ДУИ?

Сите партии имаат свои барања, но заеднички именител им е противењето, обвинителката Вилма Рускоска да раководи со новото обвинителство.

Од БЕСА, пак, испорачаа пакет услови, од кои клучен е датум за предвремени парламентарни избори.

ДУИ велат дека, предлогот е добра основа за да се најде компромисно решение, но за Рускоска се воздржани.

Осумтемина пратеници од независната пратеничка група, не сакаа да се изјаснат денеска, а од Алијанса за Албанците најавија дека ќе поднесат амандмани во најмалку три члена од законот.

Бараат и главниот обвинител да биде човек делегиран од ЕУ, а сите обвинители вмешани во криминал да заминат од обвинителството.Поддршката за законот ќе зависи од тоа дали ќе им бидат прифатени амандманите. И покрај сите овие условувања, од СДСМ се убедени дека ќе го постигнат неопходното двотретинско мнозинство од 80 пратеници, иако не откриваат како.

Коментари

коментари