вторник, 20 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Кобна сообраќајна незгода на патот Струмица- Радовиш

Кобна сообраќајна незгода на патот Струмица- Радовиш

Синоќа на патот Струмица-Радовиш се случила тешка сообраќајна незгода во која едно лице од радовишко го загубил животот.

Според билтенот на МВР, на магистралниот пат Струмица-Радовиш, на делницата за Струмица до Василевска раскрсница, триесет и три годишшниот Ј.Ц. од с.Ораовица, радовишко, управувајќи патничко возило со радовишки регистарски ознаки, удрил во патничко возило со штипски регистарски ознаки, управувано од четириесет годишниот Р.Р. од Радовиш, по што излетал надвор од коловозот.

Триесет и три годишниот маж од радовишко починал на местото на настанот

Лекарот од итната медицинска помош ја констатирал смртта, а екипи на Свр Струмиц аи Јавен обвинител извршиле увид на местото на несреќата.

Коментари

коментари