недела, 8 декември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Героски има барање: Објавете ја снимката каде Камчев ми дава 25 илјади евра во кеш

Героски има барање: Објавете ја снимката каде Камчев ми дава 25 илјади евра во кеш

Новинарот Бранко Геровски кој прв пишуваше за изнудувањето рекет од страна на осомничените Боки 13 и Зоки Кичеец, користејќи ги блиските контакти со Катица Јанева, на социјалните мрежи го обвинуваат дека земал пари од Орце Камчев за да пишува за случајот.

Геровски се огласи по шпекулациите и ги повика Миленко Неделковски и Сашо Политико да ја објават снимката, за која велат дека ја поседуваат, се слуша како Геровски зема 25 илјади евра од Камчев.

”Ги повикувам Саше Ивановски Политико и Миленко Неделковски да ја објават наводната видео или аудио снимка (што ја поседувал Миленко демек), во која Орце Камчев наводно ми дава 25.000 евра во кеш. Или некој друг бизнисмен, сеедно.

Јас одговорно тврдам дека такво нешто никогаш не се случило и дека од никого немам земено ни 1 евро кеш.

Но еве, ако имаат снимка, слободно нека ја објават. Ако се плашат од тужба, нека ми ја испратат мене снимката, јас ќе ја објавам.

Ајде јуначишта, да ве видам!

ПС. За монтажите на Саше Политико за моите наводни чатови, самата будалетинка во една прилика призна дека станува збор за местенка. Немам што да додам освен да повторам дека чатовите не се автентични”, напиша Геровски на “Фејсбук”.

Коментари

коментари