вторник, 22 октомври, 2019
Читај » СВЕТ » Како гром од ведро небо: Рамуш Харадинај поднесе оставка – причината е логична

Како гром од ведро небо: Рамуш Харадинај поднесе оставка – причината е логична

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај поднесе оставка на седницата на влада.

На конференцијата за медиуми рече дека добил покana за Специјалниот суд во Хаг.

„Од овој момент не сум повеќе премиер. Следната недела би требало да се појавам во Хаг“, наведе Харадинај.

Тој додаде дека одлучил да поднесе оставка зошто не може да биде премиер.

„Сакав да ја одвојам честа од повикот за на суд. Не оди ниту државата Косово ниту премиерот на суд туку Рамуш Харадинај“, им рече на новинарите на српски јазик.

Коментари

коментари