недела, 15 декември, 2019
Читај » СВЕТ » Дали Мицотакис ќе ги попречува интеграциите на Македонија – и како ќе се одрзи тоа на Преспанскиот договор

Дали Мицотакис ќе ги попречува интеграциите на Македонија – и како ќе се одрзи тоа на Преспанскиот договор

Новата Влада на Република Грција нема воопшто ништо да промени во однос на НАТО интеграцијата на Македонија. Истото ќе биде и со ЕУ интеграцискиот процес, а тука и Преспанскиот договор, смета реформистот на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Богојески, коментирајќи ја промената на власта во Грција, пренесува ФОКУС.

Десничарот Кирјакос Мицотакис освои убедлива победа на предвремените парламентарни избори во Грција. Неговата партија Нова демократија, освои 158 пратенички места во грчкиот парламент кој брои вкупно 300 места, што значи дека Мицотакис ќе може сам да формира Влада.

Богојески вели дека новиот премиер на Грција нема да го отвора Преспанскиот договор и дека ќе ја продолжи праксата на неговиот претходник, за градење на добрососедски односи со Македонија.

-И самиот Мицотакис знае дека отварање на минатото не е во негов личен интерес, зашто минатото на Неа Демократија не е сјајно по македонското прашање. Мицотакис сака да си обезбеди иднина и за нацијата и за своето семејство. Сака да остане конструктивен партнер на ЕУ и САД. Со тоа нема простор за никакви маневри на страна. Мора да се оди по патот зацртан од македонските пријатели – смета Богојески.

Тој порачува дека не смеат да се заборават чекорите кои ги направи Ципрас во овој дел.

-Ние, современите Македонци треба да имаме почит кон историскиот исчекор кој го направи досегашниот Премиер на соседна Грција, господинот Ципрас, а тоа е промовирање на сосема нов концепт на односи со нас Македонците. Грција повеќе од еден век, градеше политики врз база на концептот на Германос Каравангелис, а тоа беше концепт на хеленизација на нас Македонците, како “славофони Грци”, врз база на славната античка македонска историја. Промовираа нов тип на идентитет, низ сличен процес на она што ние денес го нарекуваме антиквизација во Македонија. На некој начин, она што го правеше еден од најголемите македонски непријатели, Германос Каравангелис, а го продолжи современата грчка држава, во Македонија го практикуваа господата Груевски и Иванов. Свесно или несвесно, не можам да судам – вели Богојески.

Целата вест прочитајте ја на ФОКУС.мк

Коментари

коментари