вторник, 17 септември, 2019
Читај » СВЕТ » Вучиќ ја изненади цела Србија: Да, можно е да се договориме со Албанците

Вучиќ ја изненади цела Србија: Да, можно е да се договориме со Албанците

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска нагласи дека прашањето за Косово и Метохија мора да го решат Србите и Албанците и дека најверојатно досега ќе имало договор доколку двете страни биле оставени самите да решаваат.

Вучиќ кој гостуваше во утринската програма на РТС ја коментираше изјавата на поранешниот шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мајер, кој рече дека Србите и Албанците треба да се договорат како најдобро знаат и умеат.

„Ако не оставеја сами, најверојатно ќе се договоревме. Сепак, Косово, исто како и Југославија, не е само прашање актуелно за луѓето што живеат на таа територија“, рече српскиот претседател, додавајќи дека ова прашање Србите и Албанците треба да го преземат во свои раце, пренесува „Блиц“.

Тој вели дека едно е прашањето дали ЕУ ќе ја прими Србија, за што, како што рече, нешто повеќе ќе се дознае за време на претстојната посета на францускиот претседател, Емануел Макрон, а друго прашање е што српската политика може да направи директно за државата.

Вучиќ негира дека во моментов на маса има предлог за демаркација на границата, додавајќи дека на проблемот воопшто не му се пристапува на таков начин.

Коментари

коментари