Читај » МАКЕДОНИЈА » Веќе 9-ти ден во низа: Јанакиески во Шутка консумира само едно нешто

Веќе 9-ти ден во низа: Јанакиески во Шутка консумира само едно нешто

Деветти ден по ред, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, штрајкува со глад во истражното оделение во „Шутка“ каде што се наоѓа во притвор.

Како што тврдат за „Лидер“ луѓе кои го виделе Јанакиески во затворските и судските ходници, тој од затворот „Шутка“ примал само вода и бил во значително лоша физичка состојба.

-Јанакиески е многу физички пропаднат, има изгубено боја на лицето и многу тешко комуницира, сведочи за „Лидер“, лице кое го видело Јанакиески.

Од истражното оделение „Шутка“ одбиваат да го коментираат штрајкот на Јанакиески и не даваат информации за неговата физичка состојба.

Коментари

коментари