понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Заев открива какви се односите на Македонија и Србија – дали се согласувате?

Заев открива какви се односите на Македонија и Србија – дали се согласувате?

Премиерот Зоран Заев во интервју за српскиот весник Политика вели дека односите со Србија се традиционално добри.

Премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев смета дека односите со Србија се традиционално добри, оти се движат во нагорна линија, како и дека поканата на српскиот претседател Александар Вучиќ на отворањето на новиот автопат кај Грделичката клисура преставува потврда на овие негови ставови.

-Со српската премиерка Ана Брнабиќ наскоро ќе започнеме уште една соработка во сферата на дигиталните сервиси и веб страниците на владата, изјавил Заев во разговор за утрешна „Политика”.

Според него, Србија и Северна Македонија имаат исти цели, меѓу кои, како што рекол, најважни се постигнување и вкоренување на европските вредности, што, според него, само ќе се интензивира во наредниот период.

Коментирајќи ги сомневањата дека западните лидери не ги исполниле своите ветувања кога е во прашање европската перспектива на земјава, Заев вели дека во Извештајот на ЕК за годинава Северна Македонија е „блескав пример” и оти посебно е назначено дека Договорот од Преспа преставува пример за решавање на споровите во регионот, но и пошироко.

Премиерот Заев смета дека демократската меѓународна јавност е подеднакво свесна за потребата од „задржување на фокусот на проширувања кај сите земји од Западен Балкан”.

-Обврска на сите држави кои се дел од ЕУ и оние кои имаат аспирации за влез, е да се трудат со заеднички сили да го поддржат процесот на интеграција на целиот регион и дека тоа единствоно може да донесе и да одржи мир, стабилност и подобра перспектива за сите, вели Заев во разговорот за „Политика”.

Коментари

коментари