понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Е ова е патриот: Средношколка од Австралија собира пари за реконструкција на медицинското училиште во Битола

Е ова е патриот: Средношколка од Австралија собира пари за реконструкција на медицинското училиште во Битола

Oткако на училиште добиле задача да направат проект кој треба да го направи светот подобро место, средношколката Медисон Ристевски од Австралија која е со македонско потекло од мариовските села, решила да се фокусира на Средното медицинско училиште „Д-р Јован Калаузи“ во Битола.

За таа цел започна да собира пари за реновирање на тоалетите во училиштето преку страницата „GoFundMe“. За Сител објаснува дека се решила на ваков чекор откако минатата година додека била во посета на Битола и била вчудоневидена од условите.

Сфаќам дека сме ние многу благословени со нашиот живот во Австралија. Сакав нешто да направат подобро за училиштето и решив да им ги направам тоалетите барем малку овие ученици да имаат подобри услови да имаат подобра инспирација да учат, вели Медисон за Сител.

Првично требаше да се соберат 32.000 долари, но помошта почна да пристигнува од сите страни на светот. Сега целта е подигната на 40.000 долари.

Коментари

коментари