четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Патничка од авионот кој не слета во Скопје со исповед: Ова не го очекувавме, уште сме заглавени во Истанбул

Патничка од авионот кој не слета во Скопје со исповед: Ова не го очекувавме, уште сме заглавени во Истанбул

До редакцијата на Читај.мк се обрати патничка од авионот на „Туркиш Ерлајнс“ кој не слета на скопскиот аеродром, туку се врати назад, поради густите облаци. Сепак, кога слетуваат во Истанбул, за патниците започнува вистинска голгота, што може да се забележи од писмото кое ни беше испратено. Истото го објавуваме во целост без никакви корекции.

Здраво, во врска со веста за авионот на „Туркиш Ерлајнс“ што не можеше да следат во Скопје и се врати во Истанбул. Јас сум една од патниците и сум многу револтирана. После преживеаниот стрес што се случуваше над Македонија авионот се врати назад во Истанбул и ние бевме известени дека ќе не пречекаат и ќе не упатат каде да одиме и што да правиме. Кога дојдовме на аеродромот во Истанбул настана хаосот.

Никој не знаеше што да прави со нас како патници, дали некаде да не сместат, дали да ни обезбедат вонреден лет. Ниту одговорните лица не знаеја како да се снајдат во оваа ситуација и креваа раменици, еднаш велеа да си го земеме багажот и да чекаме, другпат велеа багажот ке остане ќе ви се пренесе на летот кога ќе си одите. Бевме упатени на шалтерите за пасошка контрола за излез од аеродромот и да се упатиме до хотел Деск за обезбедување на сместување.

Уште повеќе имаше многу патници со американски и британски пасоши без виза не смееја да влезат во Турција, при што мораа да си платат дополнителни 30 долари од свој џеб да влезат во Турција. Лутајќи низ аеродромот го најдовме хотел Деск и се пријавивме за хотелски соби. Почекавме додека да се снајдат и да се организираат дојдоа ни ги прочитаа имињата и не упатија кон автобусите и ни кажаа дека не знаат кога ќе има лет дека ќе бидеме известени од хотелот. Куферите останаа надевајќи се дека ќе бидеме во хотелот само една ноќ и дека со утрешниот лет ќе бидет пренесени во Скопје, а и ние да си одиме дома.

Значи без никакви чисти алишта без буквално ништо само со облеката на нас пристигнавме во хотелот. Се пријавивме за соби и ни рекоа дека утредента поточно 06.07.2019 во 16 часот ќе дојдат по нас и дека ќе си одиме со летот вечерат во 19:30 часот иако роднините и пријателите кои што не чекале на скопскиот аеродром биле известени дека ќе пристигнеме утредента со авионот кој пристигнува во раните утрински часови. Ј

а поминавме и вечерта и кога дојде 16 часот бевме известени дека лет НЕМА ДА ИМА. Настана поголем револт почнавме да се јавуваме до „Туркиш Ерлајнс“ и претставниците кои беа задолжени за справување на ваков проблем велеа дека не знаат ништо и да чекаме. Имало слободни места за вечерта тоа го проверивме и „онлајн“ дека можеме да закупиме лет, но прашањето е ЗОШТО ОДГОВОРНИТЕ ОД „Туркиш Ерлајнс“ НЕ ГО СТОРИЈА ТОА???

Зошто кога веќе имало простор не направија ништо туку не оставија да чекаме. Досадувавме повеќе пати на телефон за на крај да зборуваме со некој кој бил „поглавен“ и да ни каже дека ќе си одиме на 07.07.2019 со раниот лет дека сите патници ќе бидеме сместени таму. Но, тоа уште не е сигурно бидејќи како што беше денес ништо чудно да останеме да чекаме и утре и да бидеме извисени.

Персоналот на „Туркиш Ерлајнс“ се однесуваше толку незаинтересирано и толку непрофесионално што не доликува за таква огромна компанија. Останува да чекаме и да видиме дали е си одиме со утрешниот лет или ќе бидеме повторно извисени и оставени во неизвесност со истите алишта на себе. Некои од патниците кои имаа неодложни обврски си отидоа со автобус, кој беше организиран од своја рака, оставајќи го багажт и надевајќи се дека ќе пристигне во Скопје во некој од наредните денови. Ве молам за анонимност.

*Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Читај значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Коментари

коментари