вторник, 17 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Можна промена на власта во Грција, што ќе значи тоа за Македонија?

Можна промена на власта во Грција, што ќе значи тоа за Македонија?

Дали се поизвесната смена на власта во Грција ќе донесе минусни политички поени за Македонија. Надежите во соседот во кој македонската влада гледа како најголем пријател за евроинтеграциите, можат да бидат изјаловени ако се оставарат резултатите од анкетите за утрешните предвремени избори во Грција. Шефот на Нова Демократија Мицотакис кој предничи во популарноста пред Ципрас како адут за доаѓање на власт го користи Договорот од Преспа, па вели Европа која ќе ја градат нема да биде со релавитизирани граници. Ваквата директна порака ги руши сите надежи за поголема слобода на Македонците во Грција, категорични се познавачите, пренесува ТВ Алфа.

-Во меѓувреме Мицотакис во последниот свој говор во програмата од 15 точки како адут за доаѓање на власт го користеше Договорот од Преспа, па вели Европа која ќе ја градат нема да биде со релавитизирани граници, а тоа е јасна порака за Македонија и за нашите намери и надежи дека ќе се овозможи поголема слобода за Македонците во Грција. Атина спрема нови тактики и политики, вели поранешниот амбасадор Ристо Никовски.

А како сигурен столб за политички опстанок и Ципрас се потпира на договореното од Нивици па на последниот митинг убедува дека северните соседи се сојузници, а не непријатели.

-Сега, Грција на северната граница има „земја пријател и сојузник, а не непријател“. Присуството на граѓаните на митингот им дава одговор на сите оние кои од вечерта на евроизборите „побрзаа да шијат костими за власт“. Големиот пресврт во недела е пред сѐ прашање на свест за секој и секоја, за секоја Гркинка и секој Грк. И ние денес, од овде, од плоштадот Синтагма, од срцето на Атина, го повикуваме секој и секоја да размисли што помина земјата до 2014 и да размисли каква е денес земјата. И да размисли каде бевме и каде сме сега, порача Ципрас.

Договорот кој донесе прекрстување на Македонија, бришење на историските документи од Уставот и огромно незадоволство кај Македонците, во пресрет на утрешното гласање, и за грчките избирачи ќе биде фактор за одлучување на изборите. Народното соочување во Грција следи откако пријателот на премиерот Заев, Алексис со кој беа номинирани и за Нобелова награда, ги изгуби и европските избори. Дополнителен удар за актуелниот грчки премиер беа локалните избори, а потоа и неговото признание дека договорот номиниран за мир е „штетен” за него.

Извор: Алфа ТВ

Коментари

коментари