вторник, 17 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Паднаа маските: Мицкоски призна дека се откажува од името – Република Македонија, велат од ЕМ

Паднаа маските: Мицкоски призна дека се откажува од името – Република Македонија, велат од ЕМ

Паднаа маските! Христијан Мицкоски денеска се отвори пред македонскиот народ и конечно собра храброст да признае дека се откажува од името – Република Македонија.Во денешната честитка до Урсула Гертруд вон дер Лејен за нејзината номинација за нов претседател на Европската комисија, Мицкоски се откажува од името – Република Македонија и ја користи формулацијата „мојата земја“ и „европската иднина на мојата земја“, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Денеска дојде потврдата за она што Единствена Македонија подолго време го пишува. Мицкоски и Заев се на исти позиции за бришење на името, не го признаваат светото македонско име. За волја на вистината, Мицкоски подмукло глумеше лажен патриотизам додека Заев и не се крие и отворено го брише името на државата.

Македонскиот народ и поголем дел од државјаните на Република Македонија во новата легална власт на Единствена Македонија која доаѓа ја гледа единствената надеж. Единствена Македонија кажува директно и јасно – ние сме во политката да бидеме на првата линија во одбрана на националните интереси. Ќе го поништиме договорот со Грција и Македонија ќе го оствари своето неотуѓиво и со ништо неограничено меѓународно правно-признато право да го носи името – Република Македонија, се вели во соопштението од Единствена Македонија.

Коментари

коментари