Читај » МАКЕДОНИЈА » Мицкоски до неговите: Ќе дојдат да ме апсат, вие продолжете да се борите

Мицкоски до неговите: Ќе дојдат да ме апсат, вие продолжете да се борите

Претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување на телевизија Алфа зборуваше на повеќе теми.

Мицкоски зборуваше за пописот, за тоа кои се ставовите на ВМРО-ДПМНЕ за попишувањето и притоа истакна дека истото е крајно штетно за мнозинската заедница односно Македонците. Треба да се престане со принципот Македонците да се чувствуваат граѓани од втор ред во својата држава. Денес, ако прошетате и ако поразговарате со нив тоа преовладува, тоа го има и кај анкетите, рече Мицкоски на гостувањето на телевзија Алфа одговарајќи на прашањето што доколку власта реши да оди на попис без согласност на опозицијата.

Мицкоски укажа на фактот дека сега има конструктивна опозиција, но дека прашањето е дали имаме доволно конструктивна влада, бидејќи тие како опозиција понудиле помош и за преговорите со ЕУ.

За датумот за преговори со ЕУ сакам да сум оптимист, ние како опозиција ќе дадеме се. Се ќе сторам за граѓаните да бидат поблиску, но најголем дел го дава Владата, а оваа деструктивна Влада одзема време, посочи Мицкоски.

Тој во интервјуто рече дека очекува следно сценарио да биде негово апсење.

Мислам дека во тие сценарија ќе биде некој план за приведување на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на лидерот на опозицијата и другите блиски соработници околу него. Ја користам приликата да апелирам до граѓаните и оние во раководството на ВМРО-ДПМНЕ кои ќе останат, да продолжат да се борат да не носат одлуки под емоција – рече Мицкоски.

-Имам јасен план во таков случај, свесен сум дека може до тоа да дојде, сум разговарал со луѓе од моето семејство дека со Заев и луѓето околу него се може да се очекува. Па и тоа да дојдат да ме приведат, ова е апел до луѓето кои се врткараат од специјална единица од МВР околу мојата куќа со изговор дека го набљудуваат училишниот двор во близина на мојот дом. Знам која е целта на оваа деспотаска власт, додаде тој во интервјуто.

Коментари

коментари