четврток, 13 август, 2020
Фото

Човек плаче и липа во утринска емисија за Никола Груевски (Видео)

Роберт се јавуваме од Муртино. Верувајте, најголемата грешка е ако нашиот премиер Никола Груевски денеска потпише оставка, верувај жално е тоа. Се работи за човек кој прави, патишта, железници, аеродром, се е направено во времето на Груевски.

Како може господинот Заев до вчера да се слика со терористите, а денеска се јавува човекот како херој. Човекот не е здрав, нека се преиспитат.

Верувајте дека нашето село е покосено, велеше човекот кој плачеше постојано дури говореше за оставката на екс премиерот Никола Груевски.

Водителот пак, го смируваше човекот и му велеше: Нема потреба од сето тоа, не е ништо страшно, политичарите се тука, денес се тука на функција, утре не се тука и не треба толку трагично да ги разбираме работите. Да се грижиме за иднината на државата, да размислиме кого заокрожуваме, но да не го разбираме сето ова толку трагично, велеше водителот во потсмев.

Денеска, екс премиерот Груевски, за кого овој човек плачеше во минатото е во Будимпешта, каде што доби политички азил од унгарските власти.

Видеото погледнете го ТУКА

Коментари

коментари

error: Content is protected !!