вторник, 20 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Цел ден се водеше расправа, на крајот изгласани новите министри

Цел ден се водеше расправа, на крајот изгласани новите министри

Со гласање од пратениците, вечерва во Собранието, Трајан Димковски стана министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Насер Нуредини стана министер за животна средина и просторно планирање, Садула Дураки – министер за политички систем и односите меѓу заедниците, Хисни Исмаили – министер за култура и Горан Милески – министер за локална самоуправа.

Милески со стапувањето на министерската функција престанува да биде пратеник во Собранието.

-Беа кажани многу невистини, да не кажам дури и глупости, кои беа кажани од искусни политичари од кои не сум очекувал да зборуваат невистини.Јас најавив промени, тие се случуваат согласно чувствата и перцепциите на граѓаните – рече вечерва премиерот Зоран Заев од собраниската говорница.

Тој потенцираше дека реконструкцијата најпрвин започнала во неговата партија, бидејќи ги сменил они кои почнале да се однесуваат како локални шерифи.

-Не очекува период кој е драгоцен и кој не смееме да го пропуштиме, таков период им се случувал на сите земји кои пристапувале кон ЕУ. Убеден сум дека до крајот на годината можеме да станеме членка на НАТО.

Заев очекува до крајот на годинава Поглавјата 23 и 24 за преговори со ЕУ да бидат отворени.

-Амбицијата е да ги максимизирам моите одлуки на одговорност кои треба да донесат придобивки за сите граѓани во оваа наша земја – рече Заев за можноста тој да застане на чело на Министерството за финансии.

Заев во изборната 2020 година очекува поддршка од граѓаните.

Коментари

коментари