понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Со име и презиме: Познато е кој го фати „метлата“ на Заев

Со име и презиме: Познато е кој го фати „метлата“ на Заев

Хисни Исмаили ќе го замени Асаф Адам во Министерството за култура. Од ДУИ потврдуваат дека Насер Нуредини ќе ја води екологијата, додека Садула Дураку ќе помине во Министерството за политички систем, пишува Скопје1.

Локалната власт останува во игра за да и се даде на Либералдемократската партија, додека министерството без ресор за подобрување на внатрешната бизнис клима се очекува да премине кај една од ромските партии.

Од редовите на СДСМ, нов министер се очекува во земјоделството, а исто така се дознава и за смена на министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и за еден министер без ресор.

Заев рече дека ќе ги разгледа и предлозите на другите партии.

-Одлуките се донесени и во недела попладне ќе ги доставам до Собранието материјалите за сите промени што ќе се случат во Владата – изјави вчера Заев, најавувајќи дека паралелно се работи и на вториот бран промени со кој треба да бидат опфатени директори и членови на управни и надзорни одбори во јавните претпријатија.

Извор: Скопје1

Коментари

коментари