Читај » ЗАБАВА » Никогаш не е доцна да се стане мајка

Никогаш не е доцна да се стане мајка

Васка Леонтиќ на 11 август ќе наполни 49 години, а една недела претходно, нејзината ќеркичка ќе наполни 4 месеци. Таа ја роди со царски рез, после третиот обид за ин витро, а неколку години откако нејзината природна бременост завршила несреќно поради лекарска грешка. Жената која во јавноста е позната како сопственичка на студио и на Академија Леонтиќ, не ги послуша оние кои ѝ зборуваа дека кога има кариера, не ѝ треба дете и после долг и мачен процес, стана вистинска самохрана мајка на сега две ипол месечната Анна Портија Бјанка Леонтиќ.

Поретко, да не кажам воопшто, за инвитрото не сакаат да зборуваат девојки и жени како мене, кои сами, по пат на купена сперма се одлучиле да го направат процесот на оплодување. Дури кога зборувам за ова, често ми велат: ‘ќути, не зборувај, знаеш какви се луѓето’!

Искрено, тоа замолчување ме иритираше повеќе отколку целиот процес. Јас сум јавна личност на возраст од 48 години, ин витрото ми успеа од третиот обид и не можам да лажам и да се преправам дека бременоста се случила по природен пат или да измислувам дека постоел некој партнер. Ние сме мала средина, сѐ се знае и се дознава, особено откако ќе поминеш низ толку институции и перипетии низ колку што поминав јас и откако ќе потпишеш толку документи колку што потпишав. И на сите со кои говорев на оваа тема им беше чудно колку сум отворена за разговор, па имав чувство дека ме слушаа со недоверба и дека повеќе ќе ми веруваа ако ги лажев. Секогаш велев и сѐ уште велам, за кариера и за љубов секогаш има време, но за да се создаде едно слатко битие, за жал, жената е ограничена, па макар и со сите најнови методи, не секогаш и кај секого успева. Треба многу трпение и упорност

Васка во јавноста позната како стилист, едукатор, основач и директор на приватното средно училиште „Академија Леонтиќ“ и сопственичка на Студио Леонтиќ повеќе од две децении успешно ја гради својата кариера во козметичката индустрија и доследно ги следи и ги применува сите нови и модерни текови, новитети и алатки на работа. Иако со веќе сериозно искуство зад себе, не запира ниту во сопственото едуцирање. Постојано е во тек со европските проекти, професионално се надоградува по светски трендови и неуморно ја издигнува својата експертиза на највисоко ниво, следејќи обуки, семинари, презентации и саеми на модата за фризери, козметичари и шминкери во светските модни центри. Иако многумина ѝ велеле дека покрај ваква кариера, не ѝ треба тој „луксуз“ да станува и мајка, истрајала во својата долготрајна и макотрпна борба и на 4 април ја родила својата ќеркичка Анна Портија Бјанка Леонтиќ.

Сите ме прашуваат зошто три имиња и што значат тие, па еве да објаснам:

Анна – е моето омилено име и како дете се претставував како Ани и така ме викаа се до тинејџерските години. Ана се викала и мојата прабаба, а и средната сестра на татко ми која починала како дете.

Портија – е местото кадешто пред 6 години се заветив дека ако некогаш имам дете ќе одам по пет стази на колена, во светото место Фатима, во Португалија (Портија е кратенка од Португалија)

Бјанка – на крај од операцијата тешко се освестував, сѐ слушав, но не можев да дишам. Еден период само ми ја донесоа Анна да ја видам, во бело, со бела пелена над неа, ја допреа до мене да ја бакнам, а таа беше толку бела и чиста, како ангел

Коментари

коментари