Читај » МАКЕДОНИЈА » Љубчо Георгиевски во бугарска емисија: Јас се чувствувам за Македонец, нема потреба да ни докажувате дека сме Бугари (ВИДЕО)
Фото

Љубчо Георгиевски во бугарска емисија: Јас се чувствувам за Македонец, нема потреба да ни докажувате дека сме Бугари (ВИДЕО)

Еден од најконтроверзните македонски политички ликови, екс премиерот Љубчо Георгиевски кој со своите изјави секогаш знае да предизвика внимание во јавноста, деновиве повторно е во центарот на вниманието.

Имено, екс премиерот на Македонија и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ, за прв пат јавно го критикуваше и го нападна наследникот на Груевски, Христијан Мицкоски, за кого рече дека го наследил генот за фалсификување на историските факти. Притоа, тој во својот статус ги стави Мицкоски и Груевски во ист кош и двајцата ги нарече одроди од вмровската идеологија.

Денеска на социјалните мрежи се појави видео во кое токму Георгиевски како гостин во бугарска емисија зборува за тоа дека Бугарите немаат потреба да им докажуваат на Македонците дека тие се Бугари и дека таа нивна дискусија просто не е потребна. На прашањето на новинарот, како тој се чувствува, Георгиевски два пати го повтори својот став и рече: Јас се чувствувам како Македонец, значи како Македонец.

Георгиевски пред неколку години доби признание и од Ал Џезеира, каде што токму тој беше спомнат како човекот односно политичарот кој во 90-тите години бил еден од ретките кој се борел за македонска држава, македонска армија, валута, репрезентација.

Линкот од видеото каде Георгиевски вели дека се чувствува како Македонец и тоа во бугарска емисија можете да го погледнете ОВДЕ




Коментари

коментари