понеделник, 25 октомври, 2021

Мицкоски: Преспанскиот договор може да се поправи само со 80 пратеници

Штетата е направена, таа штета денеска е срам и уништено достоинство на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад. Ова во вечерашното гостување на ТВ Клан го изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, коментирајќи за тоа што можат да направат за веќе променетото име на Република Македонија и потпишаните договори.

Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство.

Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт, рече Мицкоски.

Коментари

коментари

error: Content is protected !!