Читај » МАКЕДОНИЈА » Љ. Георгиевски: Ако не вртев телефони во 2003, Груевски никогаш немаше да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Фото

Љ. Георгиевски: Ако не вртев телефони во 2003, Груевски никогаш немаше да стане претседател на ВМРО-ДПМНЕ

На социјалните мрежи се споделува видео од говор на екс премиерот на Македонија Љубчо Георгиевски од 2012 година во кое тој вели:

Се повлеков од ВМРО-ДПМНЕ бидејќи знаев дека во такви околности не можам да донесам победа на партијата. Затоа, тогаш реков – се повлекувам назад и ви давам човек кој ќе ви ја донесе победата, дали згрешив во тоа што го кажав? Дали направив саможртва за да Никола Груевски стане претседател на партијата? На тацна му ја дадов ВМРО-ДПМНЕ. Марјан Ѓорчев ќе го растуреше на изборите ако не ви се јавував лично за да гласате за него, вели Георгиевски.

Екс премиерот Љубчо Георгиевски деновиве жестоко го нападна и претседателот на партијата Христијан Мицкоски, за кој како што рече, за жал го наследил генот за фалсификување на историските факти, од неговиот претходник Никола Груевски.

https://www.facebook.com/watch/?v=407523539846889

Коментари

коментари