четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Георгиевски: Ако има некој таков во ВМРО-ДПМНЕ да сака да се охрабри, нека избере медиум и нека ми објасни кој ја правел партијата идеолошки и организациски
Георгиевски

Георгиевски: Ако има некој таков во ВМРО-ДПМНЕ да сака да се охрабри, нека избере медиум и нека ми објасни кој ја правел партијата идеолошки и организациски

Екс премиерот и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски деновиве жестоко го нападна претседателот на партијата ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, за како што рече, фалсификување на историските факти.

Денеска, на официјалната фејсбук страница на екс премиерот е објавено видео од негов говор од 2012 година, каде што тој објаснува како е правена ВМРО-ДПМНЕ, но и каде што вели дека Груевски никогаш не би станал претседател на партијата, ако тој лично не се јавувал по делегатите за да ги убедува да гласаат за него на конгресот во 2003 година.

Во говорот Георгиевски ги повикува сите оние кои тврдат дека се некои основачи или кои сметаат дека знаат како е правена партијата, да изберат медиум и да му објаснат нему како е создадена ВМРО-ДПМНЕ.

https://www.facebook.com/watch/?v=407523539846889

Коментари

коментари