четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Нема датум за старт на преговори, ЕУ ќе се наврати на прашањето најдоцна до октомври

Нема датум за старт на преговори, ЕУ ќе се наврати на прашањето најдоцна до октомври

Државите членки на ЕУ не ја прифатија препораката на Европската Комисија да даде датум за старт на преговорите за членство на Македонија и Албанија.

Според еврокомесарот Јоханес Хан мал број на земји биле против, а со одлуката се доведува во прашање колективниот кредибилитет на Унијата

ЛУКСЕМБУРГ – Македонија летово нема да го добие датумот за старт на преговори со Унијата. Ова е одлучено на денешниот состанок на Советот за општи работи на Унијата, кој го сочинуваат министрите за надворешни работи, кој заврши предмалку во Луксембург а на кој земјите членки на Унијата не успеаа да се договорат но и да ја испочитуваат препораката на Европската Комисија (ЕК) за старт на преговорите.

Во нацрт заклучокот стои дека земјите членки на ЕУ ќе се навратат најдоцна во октомври 2019 година на отворањето преговори со Северна Македонија и Албанија и силно го поздравуваат договорот од Преспа.

„Потврдувајќи ги заклучоците од 26 јуни 2018 година, Советот силно го поздравува историскиот Преспански договор без преседан и добро ја зема на знаење препораката на Европската комисија за отворање на пристапните преговори со Република Северна Македонија врз основа на позитивната евалуација и направениот прогрес во исполнувањето на условите идентификувани од страна на Советот.

Со оглед на ограниченото време на располагање и важноста на прашањето, Советот ќе се наврати со цел постигнување јасна и суштинска одлука најбрзо што може и не подоцна од октомври 2019 година“, е наведено во заклучокот.

Иако официјално, главна причина за одлагањето е „ограниченото време“ со кое располага германскиот парламент – “Бундестаг“, кој има обврска да ги одобрува одлуките поврзани за проширувањето, многумина сметаат дека станува збор за недостиг на политичка волја и несогласувања внатре во Унијата.

Коментари

коментари