четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Каевски до Јаулески: Потребно е младите да си подадат рака едни на други – само така ќе успееме

Каевски до Јаулески: Потребно е младите да си подадат рака едни на други – само така ќе успееме

Денес на емисијата Отворено на Алфа телевизија, се соочија двајцата претседатели на најголемите политички подмладоци во државата. Претседателот на СДММ, Дарко Каевски и претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески.

Во дебатата во која претежно се говореше за младинските мерки, кој колку успеал да допринесе за младите, повеќепати Каевски му се обрати на Јаулески и го повика наместо саботажи, заеднички да допринесат како силна младина за создавање на подобри услови за живот за сите млади во државата.

-Го повикувам и Јован Јаулевски активно да учествува во сите политики кои ги имаме како влада, активно да придонесува и да биде дел од сите политики кои ги носиме. Мора да покажеме како млади лидери подготвеност и спремност да учествуваме во таков начин на креирање на одлуки, кои се во интерес на младите. Во минатото се случувало иселување на младите, истото се случува и сега, но сите заедно можеме да дојдеме до вистински решенија и заедно со младинските организации да помогнеме ова општество да биде поубаво место за сите млади,- истакна Каевски.

Претходно во дебатата, Каевски призна дека во редовите на СДСМ имало неколку грешки, што веднаш биле прифатени и поправени, но исто така му посочи и на својот колега дека истото не се случило од страна на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините членови.

Каевски неколкупати го праша Јаулески дали УМС на ВМРО-ДПМНЕ има членови од друга заедница односно Албанци, Роми, Бошњаци, Турци и други. На ова неколкупати Јаулевски го одбегна директниот одговор односно порача дека неговата партија е отворена за сите заедници.

Јаулески пак порача дека најголемиот пораз на СДСМ на следните избори ќе го донесат младите.

-Сега ќе ви објаснам зошто младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз. Младите ќе ви го нанесат најголемиот пораз затоа што висококвалификуваните кадри ги отфрлате од Република Македонија. Последен пример за тоа е последниот конкурс за дипломати во МНР. Впрочем имаше три писма од разочарани кандидати, кои што магистрирале и докторирале во странство на сопствен трошок, како се одбиени од министерството за надворешни работи, додека министерот на истоименото министерство единствено што направи е стипендијата за неговата ќерка од 40 илјади евра, рече Јаулески.

Коментари

коментари