четврток, 21 ноември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Нов пресврт и нови промени: Какво време не очекува во следните денови?

Нов пресврт и нови промени: Какво време не очекува во следните денови?

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со пообилни врнежи, силен ветер и појава на град. Максималните температури до средината на наредната седмица ќе бидат во благо опаѓање.

Минималните температури во понеделник и вторник ќе се движат од 12 до 19 степени, а максималните од 27 до 34 степени и од 26 до 33 степени.

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, локално и во форма на невреме. УВ ќе биде 9. Утринската температура ќе се движи од 12 до 20 степени, а дневната од 26 до 36 степени.

Коментари

коментари