Почнува пробниот попис

Без усогласено законско решение почна пробното пребројување на населението и домаќинствата. Во 13 општини во земајва од денеска до крајот на месецот ќе се спроведува пробниот попис. Дикреторот на државниот завод за статистика и денеска уверува опцијата граѓаните да имаат право да попишуваат блиски личности- нема да значи можност за фалсификат. Симовски дециден не правиме попис за политичките партии – прави попис на населението за државата.

Предлог законот за попис се уште е во собраниските фиоки. Засега нова седница на комсијата за европски прашања нема закажано, откако претходната, по заканите за бојкот од ВМРО-ДПМНЕ – преку ноќ беше одложена. За власта предложеното законско решение е според европските стандарди – опозицијата и натаму децидна – предлог законот не е според стандардите на ОН и Евростат.

Предлог законот кој предвидува комбинирано попишување, етничка графа, но и попишување на иселените од државата од страна на роднини доколку ги имаат податоците – според директорот на стаистика во која категорија ќе влезат ќе зависи од тоа дали се иселени подолго или пократко од една година, за ВМРО-ДПМНЕ ова е неприфатливо решение- велат фалсификатот од 2011 не смее да се повтори.

По најавите за бојокот од опозицијата – и СДСМ и директорот на статистика најавија средби и разговори со сите политички партии. Но засега од ВМРО-ДПМНЕ – кои се за консензус по ова прашање – велат официјална покана за лидерска се уште не добиле. Главниот попис во земајва треба да се спроведе следната година во месец април – директорот на статистика се надева оти до крајот на овој или следниот месец ќе биде донесено и законското решение, се со цел да не дојде до одлагање на пописот – кој земајва е предвидено да се случи по цели 18 години.

Во 2011 година во Македонија имаше обид за попис-но по серијата проблеми тој не го дочека своојот крај. Главниот проблем тогаш помеѓу екс премиерот Груевски и неговиот коалициски партнер Ахмети беше токму попишувањето на лица кои повеќе од една година се надвор од државата – едно и од главните правила на Евростат.

Коментари

коментари