понеделник, 23 септември, 2019
Читај » СЛАЈДЕР » Ленард обелодени каква порака му испратил на лутиот Лаури пред стартот на историската сезона

Ленард обелодени каква порака му испратил на лутиот Лаури пред стартот на историската сезона

Кави Ленард сосема заслужено беше прогласен за МВП на финалната серија, а на тој начин, фантастичниот лидер на Торонто стави крај на една сезона која започна доста турбулентно за него.

Ленард го предводеше Торонто до историска прва титула во НБА лигата, и тоа во ситуација кога многумина во градот беа незадоволни на почетокот на сезоната, од едноставна причина што си замина миленикот на публиката Демар Дерозан. Трејдот меѓу Дерозан и Ленард на крајот се покажа како тотален џек-пот за Канаѓаните, бидејќи Кави покажа завидни лидерски квалитети, носејќи го тимот до успех кој според многумина беше незамислив.

Со оглед на тоа што е познат по својата скромност, кај Ленард не владееше преголема еуфорија по освоената титула, но откри една интересна анегдота поврзана со најдобриот пријател на Дерозан, фантастичниот Кајл Лаури кој исто така одигра важна улога во историскиот трофеј.

– Торонто влегуваше во плеј-офот уште пред јас да пристигнам и знаев дека овој тим поседува талент. Пристигнав тука со правилниот пристап и мајндсет, да излезам на теренот и да ги добивам натпреварите. На денот кога бев трејдуван, или еден ден подоцна, се сеќавам дека му испратив порака на Кајл. Му реков да излеземе на теренот и да направиме нешто специјално. Знаев дека е лут, си замина неговиот најдобар пријател, но му посочив да ги споиме силите и да направиме оваа работа да излезе како што треба, – порача најдобриот играч во НБА финалето.

Коментари

коментари