Читај » СЛАЈДЕР » Обезбеден чартер-лет, познато кога Вардар ќе слета во Скопје – сите на аеродром

Обезбеден чартер-лет, познато кога Вардар ќе слета во Скопје – сите на аеродром

Раководните лица на Вардар успеаја да ја променат денешната агенда на новиот европски шампион, и побрзо од предвиденото ќе се вратат во македонската престолнина.

Според последните најави ќе биде организиран чертер лет и вардаровите херои наместо на полноќ, во Скопје ќе пристигнат во 16:15 часот, и од аеродром ќе се упатат до плоштадот „Македонија“, каде ќе им биде организиран достоен пречек.

Вардар со две моќни партии во Келн по вторпат во својата историја се искачи во кровот на ракометна Европа. Во синоќешното финале македонскиот тим со 27-24 беше подобар од големиот ривал Веспрем, додека во полуфиналето ја изненади Барса.

Коментари

коментари