понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Најнова вест: Ангела знаела што го очекува Пино – но и покрај тоа го повикала

Најнова вест: Ангела знаела што го очекува Пино – но и покрај тоа го повикала

Девојката според првичната информација од обвинителството е замешана во мамката во која влегол Пино. Како што веќе беше објавено, Ангела е ќерка на возач, дете на разделени родители и проблематична девојка заглавена во многу незгодни друштва и пороци.

Анѓела Ѓеоргиевска е девојката која е второосомничена за убиството на младиот 26 годишен Пино Секондо.

Денеска основното јавно обвинителство излезе со нови детали и побара притвор за второосомничената за убиството на Пино Секондо Анѓела, бидејќи како што објави Фокус, таа знаела дека првоосомничениот Фуркан, планира да го убие Пино. Таа знаејќи ја целата ситуација го повикала Пино да се најдат во Ѓорче Петров, присуствувала на убиството, а потоа помогнала да се сокрие телото.

-Вечерта на 11 декември 2018 година, осомничената 22-годишна жителка на Скопје го повикала сега починатиот да се најдат кај насипот во Ѓорче Петров, иако знаела дека ќе им се придружи и првоосомничениот со намера да го лиши од живот оштетениот. Кога пристигнал прво осомничениот и со огнено оружје – пушка се заканил кон жртвата, сите тројца се упатиле со патничкото моторно возило кон атар во скопското с. Арачиново.

Откако пристигнале осомничените започнале вербална расправија со жртвата, по што првоосомничениот го застрелал оштетениот и го лишил од живот. Осомничената дала придонес кон вршење на кривичното дело со тоа што го повикала сега починатото лице, била присутна во моментот на неговото лишување од живот и учествувала во пренесување на телото на починатиот и негово криење во близина на с. Љуботен.

Надлежниот јавен обвинител ценеше дека постојат околности што укажуваат на постоење опасност од бегство и на основан страв дека осомничената ќе ја попречува кривичната постапка со влијание на сведоци, поради што до Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје ќе достави предлог за определување на мерката притвор против осомничената, се вели во соопштението на ОЈО.

Извор: МАГАЗИН.мк

Коментари

коментари