вторник, 20 август, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Конечно нешто добро од МТВ – најавено како ќе ги пречекаат ракометарите на Вардар

Конечно нешто добро од МТВ – најавено како ќе ги пречекаат ракометарите на Вардар

Вечерва МТВ, ќе го пренесува пречекот на македонските ракометни шампиони, дирекно во живо од пристигнувањето на аеродромот во Скопје, ексклузивно пренесува СПОРТ М.

Вардар вчера повторно ја освои титулата и стана првак во Европа. Ова е втор пат од три години како Вардар ја освојува титулата и носи колективна радост во нашата земја.

Како што пишува порталот од МРТ за SPORTM.mk ја потврдиле информацијата за директниот пренос, кој ќе стартува вечерва со слетувањето на чартер летот на аеродромот „Скопје“.

Инаку фановите ќе имаат можност денеска во 18:30 часот да ги пречекаат ракометарите, кои тогаш слетуваат на аеродромот а во 19:30 или 20ч на Плоштад Македонија е закажан пречек од страна на Град Скопје, од каде за ракометарите беше обезбеден чартер лет за кој од буџетот ќе бидат одвоени 39.500 евра.

За дочекот на ракометарите ќе бидат ангажирани три двокатни автобуси на ЈСП Скопје, еден панорамски и два затворени, со кои ракометарите ќе се возат од аеродромот до плоштад.

Инаку изминатиот викенд кон МРТ беа упатени многу негативни коментари, поради тоа што немаше директен пренос од натпреварите помеѓу Вардар -Барселона и вчерашниот решавачки натпревар Вардар- Вестпрем.

Во изјава за офф.нет беше соопштено дека МТВ нема да пренесува ниту фудбал, ниту ракомет во ЛШ.

Во ситуација кога Македонија остана без претставник во женска конкуренција, а машките клубови се во надолна линија, дури и со реална неизвесност околу нивната перспектива во ЛШ, условите за склучување нов двегодишен договор со ЕХФ Маркетинг (а не да се договара сезона по сезона) беа премногу неповолни од финансиски аспект, рече тогаш за „Офф.нет“ уредникот на спортската редакција на МРТ Драган Николовски.

Коментари

коментари