Читај » ЗАБАВА » Младенци правеле свадба, па сега го тужат фотографот: На нивните фотографии се гледа како (ФОТО)

Младенци правеле свадба, па сега го тужат фотографот: На нивните фотографии се гледа како (ФОТО)

На сите младенци фотографиите од нивната свадба им се многу важен дел. од најубавиот ден од нивниот живот.

Но, Стеф и Пол Унвин биле толку многу разочарани од нивниот фотограф што завршиле на суд. Буквално секоја трета фотографија беше замаглена, а да биде уште полоша ситуацијата, фотографот направил повеќе фотографии од девериците отколку од младенците.

Фотографот Дејвид Килкурс направил само 11 фотографии од младенците, 70 од невестата, ниту една од родителите на младенците и 96 фотографии од девериците.

Кога тие помислиле дека не може да биде полошо, забележале многу фотографии со несоодветни кадри од задниците на девериците, од нивинте деколта и слично.

Фотографот се бранел дека времето не било соодветно и дека младенците ги сечеле фотографиите да изгледаат дека само девериците се на нив.

Младенците му платиле на фотографот за услугата 620 евра, а разочарувањето пристигнало заедно со првите примероци од фотографиите.

„Кога добивме дел од фотографиите му реков ‘Дали ова се сите фотографии, бидејќи сум многу разочарана?’ Тој се сврте и ми кажа дека направил илјадници фотографии. Кога го добивме сите фотографии имаше вкупно 1.636, од кои 559 беа замаглени. Тој рече дека тоа се ‘грешки’. Немаше ниту една од сватовите, нашите родители, но од двете деверици имаше скоро 100 фотографии.“, вели невестата, Стеф.

Извор: zadagolot.com

Коментари

коментари