Читај » МАКЕДОНИЈА » Македонија на нозе: Најголемата воена вежба ќе се одржи во Криволак

Македонија на нозе: Најголемата воена вежба ќе се одржи во Криволак

Одлично испланирано за “Одлучен удар”. Македонија е подготвена за најголемата воена вежба на нејзина територија. Следува реализацијата од 5-ти јуни до 9-ти јули, кога земјава ќе биде домаќин на две илјади и 700 војници од пет земји.

Со хеликоптерски лет стигнавме до Криволак, каде што ќе биде нивната база. На овој уникатен воен полигон, нашите илјада и 300 војници заедно со уште толку од Соединетите Американски Држави, но и и нивните колеги од Албанија, Црна Гора, Бугарија и Литванија, ќе треба да извршат вкупно 96 задачи на копно и воздух.

Масовната воена вежба претставува потврда за нашите армиски капациети, во година во која не очекува полноправно членство во НАТО.

Од планирањето на вежбата импресионирани се и американските партнери, кои најавија брза ратификација на протоколот за НАТО

Со воената вежба ќе бидат опфатени скоро сите формациски состави на АРМ, а во нејзиното планирање учествуваа повеќе министерства и државни институции.

Коментари

коментари