понеделник, 23 септември, 2019
Читај » МАКЕДОНИЈА » Наместо „метла“, си доби унапредување: Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби

Наместо „метла“, си доби унапредување: Хазби Лика доби функција во разузнавачките служби

Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика, ќе биде член на Советот за координација на разузнавачката заедница. Лика автоматски ја добива оваа позиција, согласно законот за координација кој вчера го потпиша претседателот, Стево Пендаровски. Според законот вицепремиерот за рамковен договор е еден од осумте члена на советот кој ќе ги координира разузнавачите активности, пишува ФОКУС.мк

Токму Лика беше министер од Владата за кој беше очигледно дека ќе биде „изметен“ со реконструкцијата што ја најави Заев. Неговата работна етика и непојавувањето на работно место беше јавно критикувано од премиерот Заев, но и од неговата матична партија ДУИ.

Лика ќе биде на оваа позиција најмалку три месеци, односно се додека не биде укинат Секретаријатот за рамковен договор, кој ќе биде заменет со ново Министерство за политички систем.

За ова реагираа од партијата Граѓанско Демократска Унија.

„Кога сите очекуваа дека Хазби Лика ќе „лета“ тој си доби и нова функција. И внимавајте, истиот тој, ќе биде дел од телото кое ќе ги спроведува предлозите на највисокото безбедносно тело – Советот за национална безбедност. И иронијата да биде поголема, пратениците кои изгласаа да се укине секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор и да се формира ново министерство , истите тие народни избраници сега му обезбедија место на Лика во Советот за координација на разузнувачката заедница.

Да потсетиме дека Лика е професор по албански јазик и книжевност. Весникот „Време“ во декември 2004 година објави дека во МВР постоела службена белешка оти Лика познат како командант Чела, за време на конфликтот во 2001 година бил еден од дваесеттемина учесници во озогласениот масакар кај Вејце, во кој беа убиени, а потоа масакрирани и живи запалени осуммина специјалци и припадници на полицијата. За истиот тој Лика, додека бил градоначалник на Тетово, Државниот завод за ревизија во извештајот за состојбата со буџетската потрошувачка за 2009 година, утврди дека биле потрошени 5,3 милиони денари од буџетот, кои не биле во согласност со законската регулатива“, стои во соопштението на ГДУ.

Извор: ФОКУС.мк

Коментари

коментари